Четврток, 7 декември 2017 година, Брисел

ГРУБИ ДО КУКАН: OЧЕКУВАМЕ ПОДДРШКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА БАРАЊАТА НА БРИСЕЛ

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, г. Артан Груби, денеска во Брисел се сретна и со европратеникот г. Едвард Кукан. 

повеќе...

 

 

Четврток, 7 декември 2017 година, Брисел

ГРУБИ-ВАЈГЛ: БРИСЕЛ ДА ГИ ИСПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, ја заокружи својата дводневна посета на Брисел со средба со европратеникот, г. Иво Вајгл, кој е известител за Македонија, во Европскиот парламент.

повеќе...

 

Среда, 6 декември 2017 година, Брисел

ГРУБИ - АУЕР: БРИСЕЛ СМЕЛО И СО ВИЗИЈА ЗА ЦЕЛОСНА И ОБЕДИНЕТА КОНТИНЕНТАЛНА ЕВРОПА

Интензивната агенда на средби на високо ниво во Брисел, пратеникот Груби ја продолжи со г. Едвард Ауер, директор за Западен Балкан во канцеларијата на   г-ѓа Могерини, при Европската служба за надворешно дејствување.  

повеќе...

 

Четврток, 7 декември 2017 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРЕН ФОРУМ ВО ЦЕТИЊЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратенците: Јагода Шахпаска и Реџаил Исмаили од 7  до 8 декември 2017 година ќе учествува на 19. Цетински парламентарен форум на тема: „Парламент и масовни комуникации", во Цетиње, Република Црна Гора.

повеќе...

 

Среда, 6 декември 2017 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

На 8 декември 2017 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 13.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

повеќе...

 

Понеделник, 4 декември 2017 година

ГРУБИ ВО БРИСЕЛ СО ИНТЕНЗИВНА АГЕНДА 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, ќе претстојува во Брисел на дводневна посета.

Претеникот Груби ќе учествува на тркалезна маса на тема: „Западен Балкан на раскрсница: Нови предизвици, сменета динамика“, што се одржува во Брисел, на покана на „Пријатели на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика. 

повеќе...

 

Четврток, 7 декември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ МЕМЕДИ СО ПОЛИТИЧКИТЕ СОВЕТНИЦИ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

Пратеникот Весел Мемеди, во Собранието на Република Македонија, се сретна со политичките советници на американската Амбасада во Скопје, г. Паул Градон и г-ѓа Дивах Хокинс. Пратеникот Мемеди и гостите зборуваа за актуелната политичка ситуација и за подготвеноста на Собранието за ургентните реформи.

повеќе...

 

Вторник, 21 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ СО РОМАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА

Заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди, оствари средба со делегација од Република Романија, во состав: г. Стефан Тинца, политички директор во Министерството за надворешни работи и г. Александру Ене, директор за регионална соработка за Западен Балкан, во придружба на амбасадорот на Република Романија во Република Македонија, Виорел Станила.

повеќе...

 

Четврток, 16 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ СО Г. АНТУН ХЕРЦЕГ И Г. ТИБОР ВАРДИ

Претседателот и пратеникот на НДП, г. Весел Мемеди оствари средба со г. Антун Херцег, претставник на ЕУ, одговорен за Западен Балкан, и политичкиот советник г. Тибор Варди.

повеќе...

 

Вторник, 21 ноември 2017 година

АКЦИОНЕН ПЛАН НА ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

повеќе...

 

Понеделник, 20 ноември 2017 година

„ЛУКС“ ЗА „SÁMI BLOOD“

Филмот „Sámi Blood“ на шведската режисерка Аманда Кернел е добитник на овогодинешната награда „Лукс“ на Европскиот парламент.

Станува збор за трогателна приказна за млада девојка која сонува за поинаков живот, ја напушта својата заедница, но притоа се соочува со расизам.

повеќе...

 

Понеделник, 30 октомври 2017 година

„САХАРОВ“ ЗА ДЕМОКРАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА НА ВЕНЕЦУЕЛА  

Демократската опозиција на Венецуела е овогодинешен добитник на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. 

„Со доделувањето на наградата Сахаров за слобода на мислата на Демократската опозиција во Венецуела, ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка на демократски избраното Национално собрание на Венецуела...“ 

повеќе...