ЕУ вести

Вторник, 21 ноември 2017 година

Акционен план на Еврокомисијата за справување со родовиот јаз во платите

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

За да се реши овој проблем, Европската комисија денеска го презентира Акциониот план за справување со родовата разлика во платите за периодот 2018-2019 година, којшто, меѓу другото, вклучува:

  • поголемо почитувањето на принципот на еднаква плата преку проценка на можноста за измена на Директивата за родова еднаквост;
  • справување со казната за грижа, повикувајќи го Европскиот парламент и земјите членки побрзо да го усвојат предлогот за рамнотежа помеѓу службениот и приватниот живот од април 2017 година;
  • разбивање на популарно кажано стаклениот таван со финансирање проекти за подобрување на родовата рамнотежа во компаниите на сите нивоа на управување; охрабрување на владите и социјалните партнери да усвојат конкретни мерки за подобрување на родовата рамнотежа во донесувањето одлуки.

Покрај ова, Еврокомисијата започна голем настан за „Правата на жената во турбулентни времиња“, која е актуелна тема избрана за годишниот колоквиум за фундаментални права.

Колоквиумот ги обединува политичарите, истражувачите, новинарите, невладините организации, активистите, бизнисите и меѓународните организации да разговараат за тоа како најдобро да ги промовираат и заштитат женските права во ЕУ. Сексуалното малтретирање, насилството врз жените, родовиот јаз во платите и рамнотежата помеѓу службениот и приватниот живот се меѓу главните теми за кои ќе се разговара во текот на двата дена од колоквиумот.