ЕУ вести

Понеделник, 20 ноември 2017 година

„Лукс“ за „Sámi Blood“

Филмот „Sámi Blood“ на шведската режисерка Аманда Кернел е добитник на овогодинешната награда „Лукс“ на Европскиот парламент.

Станува збор за трогателна приказна за млада девојка која сонува за поинаков живот, ја напушта својата заедница, но притоа се соочува со расизам.

повеќе...

Понеделник, 30 октомври 2017 година

„Сахаров“ за Демократската опозиција на Венецуела  

Демократската опозиција на Венецуела е овогодинешен добитник на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. 

повеќе...

Петок, 20 октомври 2017 година

Апел за помош за жртвите на трговија со луѓе

По повод Денот на Европската Унија за борба против трговијата со луѓе, кој се одбележа на 18 октомври, европратениците упатија апел до земјите од ЕУ за подобро спроведување на постојните закони и зголемување на поддршката за жртвите.

повеќе...

Петок, 20 октомври 2017 година

Три финалисти за филмската награда „Лукс“

Европскиот парламент и годинава традиционално ќе ја додели наградата „Лукс“ за најдобар европски филм во кој се ставаат на предизвик нашите предрасуди и се покренуваат прашања за европскиот идентитет.

Овогодишни финалистите се: „Sámi Blood“, „Western“ и „BPM (Beats per minute)“, филмови со силни ликови кои се борат за својот идентитет.

повеќе...

Петок, 20 октомври 2017 година

Пакет мерки за безбедносна заштита на граѓаните на ЕУ

Европската комисија предложи пакет оперативни и практични мерки за борба против тероризмот, кои треба да се спроведат во текот на следните 16 месеци за подобра заштита на граѓаните на Европската Унија, со крајна цел обезбедување ефективна и вистинска безбедносна унија. 

повеќе...

Среда, 11 јули 2017 година  

Самит на Западен Балкан 

Денеска во Трст, Италија, е закажан 4. годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција.

повеќе...

Понеделник, 3 јули 2017 година

Естонија - нов претседавач со ЕУ

Од 1 јули Естонија го презеде ротационото претседавање со Европската Унија. Во овој период беше предвидено Велика Британија да биде на чело на ЕУ, но поради „Брегзит“, во наредните шест месеци таа функција ќе ја врши Естонија.

повеќе...

Вторник, 28 февруари 2017 година

Усвоена Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година.

повеќе...

Четврток, 19 јануари 2017 година

Антонио Тајани – нов претседател на Европскиот парламент

Италијанскиот член на Европската народна партија и заменик-претседател на Европскиот парламент, г. Антонио Тајани, е избран за нов претседател на европскиот законодавен дом.  

повеќе...

Среда, 4 јануари 2017 година

Архус и Пафос - европски градови на културата за 2017 година 

Данскиот град Архус и кипарскиот Пафос ја имаат честа да бидат престолнини на европската култура за 2017 година.

На тој начин, овие два града ќе бидат домаќини на еден од најпопуларните проекти на Европската Унија, кој претставува можност преку културата на различните заедници, да се поттикнат силни локални, европски и меѓународни партнерства.

повеќе...