Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 17 јануари 2018 година 

Посета на претседателот Џафери на Република Косово

Во рамките на манифестациите посветени на годината на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, беше во посета на Република Косово, каде што присуствуваше на Свечената aкадемија што се одржа во Приштина по повод 550 години од смртта на Скендербег  и на истата имаше свое обраќање пред присутните. 

Во продолжение на оваа посета, претседателот на Собранието, г. Џафери, се сретна со премиерот на Република Косово, г. Рамуш Харадинај. На средбата, соговорниците разменија мислења за важноста на ликот и делото на Скендербег за сите Албанци, како и за издавањето на поштенските марки во чест на Скендербег во двете земји. Тие, исто така, разговараа и за билатералните односи меѓу двете земји, за меѓусебната соработка и за продлабочувањето на релациите, особено во областа на економијата, со цел да се подобри благосостојбата на граѓаните на двете земји.

Премиерот Харадинај го поздрави усвојувањето на Законот за јазици од страна на Собранието на Република Македонија, при што заеднички констатираа дека со истиот ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, му се заблагодари на премиерот Харадинај за средбата и изрази подготвеност за понатамошна соработка во сите области од заеднички интерес.