Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток. 14 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова, која престојува во кратка работна посета на Република Македонија. 

повеќе...

Недела, 10 декември 2017 година

Средби на претседателот Џафери на маргините на Парламентарно безбедносниот форум во Вашингтон

На маргините на Парламентарно безбедносниот форум во Вашингтон, претседателот на Собрание на Република Македонија се сретна со координаторот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во Народното собрание на Република Бугарија, г. Цветан Цветанов.  

повеќе...

Петок, 8 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам

За време на посетата во Вашингтон, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со долгогодишните пријатели на Македонија, конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам. 

Двајцата конгресмени истакнаа дека се почестени што токму во Вашингтон имаат можност да се сретнат со претседателот на Собранието на Република Македонија и да разменат мислења во искрена и срдечна атмосфера. 

повеќе...

Петок, 8 декември 2017 година

Учество на претседателот Џафери на Парламентарно безбедносниот форум во Вашингтон

На покана од американскиот конгресмен Роберт Питинџер, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, учествуваше на Парламентарно безбедносниот форум кој се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон. 

повеќе...

Четврток, 7 декември 2017 година, Вашингтон

Работна вечера во чест на претседателот Џафери насловена „Напредувањето на Македонија на демократскиот пат: Улогата на парламентот“ 

За време на посетата во Вашингтон, Националниот демократски институт, во соработка со партнерите кои работат во Република Македонија, организираше вечера во чест на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

повеќе...

Четврток, 7 декември 2017 година, Вашингтон

Средба на претседателот Џафери со американските конгресмени Питинџер, Адерхолд и Трот 

Во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари поединечни средби со конгресмените Роберт Питинџер, Роберт Адерхолд и Дејв Трот. 

повеќе...

Среда, 6 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери и директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот, г. Метју Палмер 

Денеска во Вашингтон, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со г. Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот. 

На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари за можноста да се сретне со претставник на земја која е стратешки партнер и со која Република Македонија гради одлични и динамични билатерални односи. 

повеќе...

Петок, 1 декември 2017 година

Протоколарна средба на претседателот Џафери и Н.Е. Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија во Република Македонија

Претседателот на Собрание на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, г. Иштван Дукс. 

За време на средбата, соговорниците разменија мислења во однос на билатералната и мултилатералната соработка помеѓу двете земји, при што амбасадорот Дукс истакна дека Унгарија е силен поддржувач на Република Македонија на патот кон евроатланските интеграции. 

повеќе...

Четврток, 30 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХОЛАНДСКАТА КОНСТИТУЕНЦА НА СВЕТСКАТА БАНКА, Г. ФРЕНК ХЕЕМСКЕРК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г. Френк Хеемскерк, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во чија надлежност спаѓа и Република Македонија. Средбата се реализираше во рамките на неговата посета на Република Македонија. 

Претседателот Џафери искажа посебна благодарност за помошта која Светска банка ја обезбедува во континуитет на Република Македонија во текот на изминатите децении.

повеќе...

Четврток, 30 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Лаура Купер, в.д. заменик-помошник секретар за одбрана на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г-ѓа Лаура Купер, в.д. заменик - помошник секретар за одбрана на САД, која престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 12
  •