Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Четврток, 17 мај 2018 година

Прием на претседателот Џафери на британската премиерка, г-ѓа Тереза Меј

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, приреди прием во чест на премиерката на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, г-ѓа Тереза Меј. 

повеќе...

Четврток, 10 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Панел-дискусијата на тема: Улогата на парламентарниот етичар во спроведувањето и почитувањето на Етичкиот кодекс во Парламентите - пракса од Националното собрание на Француската Република

Дозволете на самиот почеток да изразам задоволство и благодарност до амбасадорот на Република Франција во Македонија, г. Кристијан Тимоние, за досегашната соработка и, пред сè, стручната помош која како Собрание ја добиваме од нашите француски колеги и воопшто Француската држава. 

повеќе...

Петок, 4 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на четвртата едиција на Европската недела „Денот на Европа“, организирана од Институтот за меѓународни и политички студии, во општина Чаир

Драго ми е што денеска се наоѓам тука помеѓу вас, на отворањето на оваа четврта едиција на „Денот на Европа“, настан којшто се одржува секоја година во месец мај и каде што се слави мирот и единството во Европа. Тоа е датум којшто ја одбележува годишнината од историската „Шуманова декларација“, а Шуман е, знаеме сите, еден од татковците на денешната Европска Унија.

повеќе...

Петок, 4 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Научна конференција на тема „Управувањето во јавниот сектор: предизвици и перспективи“

Ми претставува особено задоволство што денеска сум тука помеѓу вас и што ја имам честа свечено да ја отворам оваа Научна конференција организирана од Факултетот за современи општествени науки во Универзитетот на Југоисточна Европа. 

повеќе...

Четврток, 3 мај 2018 година

Изјава на претседателот Џафери по повод потпишувањето Меморандум за соработка за спроведување на Проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“

Ми претставува искрено задоволство да соопштам дека започнуваме стратешко партнерство со ДЦАФ преку потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Собранието и ДЦАФ, со кој што меморандум имаме за цел да постигнеме: 

повеќе...

Сабота, 14 април 2018 година, Љубљана

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) е формиран во 1996 година како регионален форум за земјите од Југоисточна Европа. Не треба да потсетувам дека во последната декада на дваесеттиот век, државите од Југоисточна Европа поминуваат во еден многу интензивен и длабок општествено-економски процес на транзиција. 

повеќе...

Понеделник, 2 април 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 26-годишнината од носењето на првиот Буџет на независна Република Македонија на тема „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени?“

Пред дваесет и шест години, кога е донесен првиот буџет на Република Македонија, покажавме на домашната јавност, а пред сè на економските субјекти, но и на меѓународната јавност и меѓународните финансиски организации, дека како држава сме способни да го испланираме, да го донесеме, да го полниме и да го реализираме буџетот без кој не може да се замисли ниту една функција на државата.

повеќе...

Петок, 30 март 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на балкански универзитети, на тема „Соработката помеѓу универзитетите и културната коегзистенција - премиса за одржлива платформа во целиот Балкански регион“ 

Денеска, имам чест да учествувам на Четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на Балкански универзитети и да бидам пред овој ценет универзитетски аудиториум. Универзитетите се лулката на знаењето, лулка на иднината, тие се институциите каде се детерминира визијата за иднината и целосно се согласувам со темата на Конференцијата, односно „Соработката помеѓу универзитетите и културната коегзистенција - премиса за одржлива платформа на целиот Балкански регион“, затоа што навистина е суштинско универзитетите да соработуваат помеѓу себе, и ова е од уште поголемо значење доколку го земеме предвид целиот балкански контекст. 

повеќе...

Недела, 25 март 2018 година, Женева

Обраќање на претседателот Џафери на 138. Собрание на ИПУ, на генералната дебата на тема „Зацврстување на глобалниот режим за мигранти и бегалци“

Миграциите како појава не се нешто ново, тие се присутни можеби од самиот почеток на човековата цивилизација. Секако дека процесот на глобализацијата влијае овие текови на миграциите да бидат поинтензивни. Така, според податоците, денеска околу 258 милиони луѓе, односно 3,4 проценти од светската популација живеат надвор од државите во кои се родени. Причините за миграција се, исто така, одамна познати. Првата причина е социоекономската, односно потрагата по подобар живот. Вториот тип на миграција се од држави и региони зафатени со воени конфликти, со насилство и непочитување на военото и хуманото право, нефункционирање на правната држава или пак поголеми природни катастрофи, односно кога луѓето се изложени на опасности кои ги загрозуваат нивните животи. Во првиот случај зборуваме за економски мигранти, а во вториот случај зборуваме за бегалци, иако многу често овие две категории меѓу себе се тесно поврзани.

повеќе...

Недела, 11 март 2018 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД 75 ГОДИНИ ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ - ДЕПОРТАЦИЈА НА 7.144 МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИ ВО ЛОГОРОТ НА СМРТТА ТРЕБЛИНКА 

Еден од најмрачните периоди во минатиот век, а јас би рекол и воопшто во човековата цивилизација, е холокаустот, кога во нацистичките логори на смртта беа на најбрутален начин ликвидирани над шест милиони мажи, жени, деца и старци, и тоа само затоа што беа Евреи. 

повеќе...