Соопштенија

Петок, 25 август 2017 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2017 година, (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2017 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, се доделува на Миливоје Јанковски и доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски.