Соопштенија

Четврток, 3 мај 2018 година

Доделување на наградата „Гоце Делчев“

На 4 мај 2018 година (петок) во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2018 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Наградата се доделува за трудовите:

1. „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ од д-р Славчо Ковилоски, објавен во 2017 година;

2. „Архитектонски конструкции1“ од авторот доц.д-р Енис Рафет Јакупи, објавен во 2017 година;

3. „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“ од д-р Дончо Донев, објавен во 2017 година.