Соопштенија

Четврток, 10 мај 2018 година

Пратеничката Славица Шуманска-Митева на Конференција во Белград

Пратеничката во Собранието  на Република Македонија, г-ѓа Славица Шуманска-Митева, учествува на Конференција на тема: „Преку идејата за ЕУ кон мир и стабилност“, што ќе се оддржи на 11-12 мај во Белград, на покана на  претседателот на Комисијата за европски интеграции на Парламентот на Република Србија, г. Ненад Чанак. 

На Конференцијата се поканети голем број на гости, меѓу кои и претседатели и членови на Комисиите за европски прашања на Парламентите во Регионот и на земјите ЕУ членки, како и европратеници.

Предвидени се дискусии по повеќе теми во врска со евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, од аспект на актуелните состојби во Регионот, но и во самата ЕУ, со главен акцент на безбедноста и проширувањето на Унијата во периодот до 2025 година.