Соопштенија

Понеделник, 28 мај 2018 година

Собраниска делегација во посета на Украина

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина во состав: г. Јован Митрески, претседател на Пратеничката група за соработка, г-ѓа Весна Пемова и г. Ејуп Алими, членови на Групата ќе остварат возвратна посета на Украина на 29 и 30 мај 2018 година, на покана од г. Андриј Шињкович, претседател на Пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Македонија. 

Во рамките на посетата предвидени се средби со: г. Андриј Парубиј, претседател на Врховната Рада на Украина, г. Генидиј Зубко, вице-премиер на Владата на Украина, г. Василиј Боднар, заменик-министер за надворешни работи на Украина, како и претседателите и членовите на Комисијата за надворешни работи, Комисијата за европска интеграција и Пратеничката група  односи со Република Македонија на Врховната Рада (парламентот) на Украина.

Членовите на Делегацијата ќе го посетат и „Киевскиот политехнички институт Игор Сикорски“, при Националниот технички универзитет на Украина.