Активности

Петок, 12 јануари 2018 година 

Осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 8. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија - I читање;
  3. Предлог-законот за урбано зеленило - II читање (Поднесен од: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Благој Бочварски, Диме Велковски, Ејуп Аљими);
  4. Предлог-законот за изменување на Законот за електронските комуникации - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа - II читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: заменикот на министерот за информатичко општество и администрација, г. Александар Бајдевски и повереникот Лилјана Поповиќ, раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски.

Во образложението по првите два Предлог-закона, претставниците на Владата ја нагласија потребата за донесување, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со истите, а Комисијата едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека овие Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Во однос на преостанатите три Предлог-закони, претседавачот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Диме Велковски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по истите и Комисијата ги проследи на натамошна постапка во Собранието.