Активности

Петок, 30 ноември 2018 година

Претставен „белиот документ“ поврзан со поглавјата 15 и 27 

Центарот за истражување и креирање политики во Собранието на Република Македонија, вчера го престави т.н. „бел документ“ под наслов „Предизвиците и задачите  во поглед на поглавјата 15 и 27 од правото на Европската унија.

Овој „бел документ“ има цел да ги скицира очекувањата, задолженијата и обврските кои стојат пред нашата земја, пред сè во поглед на поглавјата 15 и 27 од заедничкото право на ЕУ. Преку патокази и јасни одредници се скицираат точните задачи и обврски кои стојат пред нашата земја со цел усогласување со правото на ЕУ, како и со останатите меѓународни документи на кои со потпис и ратификација е обврзана нашата земја.

На состанокот присустуваа дел од пратениците од т.н. „неслужбена зелена група“, меѓу кои Лилјана Затуроска, Хари Локвенец, Сурија Рушиди и Маја Морачанин.

Поздравно обраќање имаше Јасна Секуловиќ, регионална проектна менаџерка на Отворениот регионален фонд на ЈИЕ за енергетска ефикасност при GIZ, по што свои излагања имаа Златко Симоновски од Центарот за истражување и креирање политики кои се осврна на потребните задачи и чекори во поглед на климатските промени и Илија Саздовски, координатор во Република Македонија од Отворениот регионален фонд на ЈИЕ за енергетска ефикасност при GIZ кој се осврна во делот на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Овој документ е изработен во рамки на проектот Регионална соработка и развој на вештините на пратениците и пратеничките од Југо-источна Европа во поглед на енергетската ефикасност, климатските прашања и одржливата урбана мобилност, спроведуван од Центарот за истражување и креирање политики, а финансиски потпомогнат од GIZ – Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност. 

 документ