Средби пратеници

Четврток, 16 ноември 2017 година

Работна средба на пратеникот Села со г. Антун Херцег и г. Тибор Варади

Претседателот на Алијансата за Албанците, г. Зиадин Села, во придружба на потпретседателот на партијата, г. Агон Ферати, остварија работна средба со г. Антун Херцег, претставник на Европската Унија одговорен за Западен Балкан и политичкиот советник од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, г. Тибор Варади.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка ситуација, последните случувања во земјата, како и за предизвиците на Македонија и на регионот на патот кон ЕУ интеграциите.