Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

 

 

 

 

Ане Лашкоска

 

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 24.2.1978 во Прилеп. Македонка. Дипломирала на Природно-математички факултет – инженер по хемија. Магистер по маркетинг менаџмент.

 

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член
  • Комисија за култура, заменик-претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член